Јин и Јанг - кратко значење
" Според јин и јанг, секогаш постои можност да се тргне во спротивна насока.
Внатре во темнината, секогаш постои врата која води кон светлината. Внатре во светлината, секогаш постои вратата која води кон темнината. Но кога си во светлината, разбираш дека вратата која води кон темнината е само избор и таа се нуди само како еднаков избор.
Но кога си во темнината, вратата која води кон светлината, од перспектива на темнината, е нешто што треба да се избегнува по секоја цена. Значи, иако всушност не може да се затвори таа врата, темнината ќе ја облече во илузија на непроменливост, така што ти нема да можеш да ја видиш таа врата. Така, вратата ќе стане невидлива за твоето сознание,за твојата свесност, бидејќи не можеш да го перцепираш она со кое не си во иста вибрација.